full screen background image
Search

Land Rover го откри лицето на новиот Discovery

Британскиот производител ја објави првата фотографија од целосно новата генерација на Discovery која ќе дебитира на автомобилскиот саем во Париз.

Всушност ова ќе биде сериската изведба од концептот Discovery Vision, а дизајнот останува верен на оргиналот. Новиот Discovery ќе располага со седум седишта, ќе биде сместен во гамата над Discovery Sport и ќе биде базиран на алуминиумската платформа на Land Rover, која ќе го направи значително полесен од неговиот претходник.

waeweg

Land Rover се очекува да го нуди новиот Discovery со нивната Ingenium палета на мотори со четири и шест цилиндри, додека другите извештаи сугерираат дека ова ќе виде првиот модел во гамата на брендот кој ќе добие специјална SVX теренска верзија.

Светската премиера на Land Rover Discovery е закажана за 28ми Септември, на започнувањето на Paris Motor Show.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.