full screen background image
Search

Volvo и UBER заедно ќе развиваат автономни возила

Шведскиот производител Volvo и компанијата Uber – компанијата која нуди алтернативен начин на делење превоз – ги здружија силите за развој на следанта генерација автономни возила.

Двете компании потпишаа договор за поставување на заеднички проект кој ќе развие нова платформа за возила кои ќе може да ги вклучи најновите достигнувања на AD (автономно возење) технологијата, вклучувајќи дури и целосно автономни возила. Возилата ќе бидат произведени од Volvo Cars, кој ќе ги продаде на Uber. Двете компании заеднички ќе вложат 300 милиони долари во овој проект.

Volvo и Uber ќе ја користат истата платформа на возила за следната генерација од нивната стратегија за автономни возила. Ова значи, додавање на самоуправувачкиот систем на Uber во Volvo возилата. Исто така, Volvo ќе ја употреби истата база на автомобил за следната фаза за автономни возила, кој ќе вклучи и целосно автономно управување.

IntelliSafe Auto Pilot interface

IntelliSafe Auto Pilot interface

Проектот претставува значаен чекор во автомобилскиот бизнис со автомобил произведен со заеднички сили и нова автомобилска компанија од Силиконската долина, потенцирајќи го начинот на развој на глобалната автомобилска индустрија во одговор кон новите технологии. Алијансата претставува почеток на она што двете компании го очекуваат од долгорочното индустриско партнерство.

Хакан Семуелсон, претседател и извршен директор на Volvo Cars, вели: „ Volvo е светскиот лидер во развој на активна безбедност и технологија за автномно управување, со многу кредибилитет во сферата на безбедноста. Ние сме многу горди да бидеме избрани партнери на Uber, еден од лидерите во технолошките компании. Партнерството го сместува Volvo во срцето на најновата технолошката револуција во автомобилската индустрија“.

Поврзано:   Volvo исфрли автомобили од 30 метри висина во името на науката

Новите возила ќе се развиваат на SPA (Scalable Product Architecture) модуларот на Volvo Cars, една од најразвиените светски архитектури кои се користат во најновите престижни и наградувани возила XC90 SUV, S90 премиум седан и V90 премиум естејт. SPA архитектурата ќе биде дел од глобаната индустриска програма од 11 милијарди долари, започната во 2010 година и е основна база за најновите технологии за автономни возила, како и следната генерација за електрификација и развој на поврзаноста. Ова е капацитетот кој го привлече Uber да соработува со Volvo.

Volvo Cars and Uber join forces to develop autonomous driving cars

Volvo Cars and Uber join forces to develop autonomous driving cars

Работата ќе се развива со инженери од двете компании со заедничка тесна соработка. Овој проект ќе придонесе во употребата на SPA платформата која вклучува безбедност и најновите можност на автономните возила на патиштата.

Травис Каланиќ, извршниот директор на Uber, вели: „Повеќе од милион лица умираат во сообраќајни несреќи секоја година. Овие трагедии може да се спречат од самоуправувачките технологии во возилата, но тоа не може да го сториме сами. Ова е причината за нашето партнерство со најголемиот автомобилски производител, како што е Volvo. Оваа компанија е лидер во развоојот на автомобилите и најдобра во однос на безбедноста. Со комбинација на капацитетите на двете компании ќе стигнеме побрзо до иднината, заеднички“.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.