Новите Peugeot 2008 и 3008 би можеле да добијат и спортски GTi изведби! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новите Peugeot 2008 и 3008 би можеле да добијат и спортски GTi изведби!

Францускиот производител најави дека размислува да ја прошири гамата на спортски GTi изведби – и тоа со новите и популарни 2008 и 3008 SUV модели.

Зборувајќи со Autocar, одговорниот за развој во Peugeot – Laurent Blanchet – откри дека брендот планира да понуди GT, GT Line и GTi верзии во рамките на сите свои продукти.

„Стратегијата на брендот е да имаме врвни верзии – GT, GT Line и GTi – и оваа стратегија ќе ја развиеме во целата гама.“ – изјави тој.

Тоа е интересна насока за францускиот бренд. Во овој момент нудат GTi изведби само кај моделите 208 и 308. Французите веќе најавија дека ќе понудат GT и GT Line верзии на новиот 3008, но интересно е да се види дека планираат да ја прошират гамата со спортски изведби на сите свои возила. Веќе и ние самите имаме индиректни најави дека Peugeot ќе понуди верзија на 2008 инспирирана од екстремниот 2008 DKR.

peugeot-208-gti

 

GTi моделите на Peugeot се легендари – сите многу добро го знаеме 205 GTi, а тековниот 208 GTi е вистински наследник на спортскиот хечбек. Дали во иднина ќе добиеме и 508 GTi? Останува да видиме!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.