Еуроимпекс го прослави 25-тиот роденден! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Еуроимпекс го прослави 25-тиот роденден!

Македонскиот увозник за Peugeot гордо го прослави 25-тиот роденден со пригодна забава и многу гости! Им го честитаме роденденот!

Компанијата Еуроимпекс е основана во јануари месец, веќе далечната 1990 година и е првата приватна компанија во Македонија, чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија. Оваа година компанијата одбележува 25 години од својата успешна работа. По тој повод, во своите простории (салонот на Peugeot), Еуроимпекс во одбрано друштво и пригодна свеченост го одбележа својот 25-ти роденден. Испишаната историја, беше презентирана со проекција на корпоративен филм, по кој беа доделени плакети и признанија на физичките и правни лица за лојалност и долгогодишна соработка.

Голема чест за Еуроимпекс беше искажана од страна на Automobiles Peugeot, преку присуството на регионалниот менаџер за југоисточна Европа г-динот Николас Оланд. Заштитните лица на компанијата Калиопи, Каролина и Лозано исто така беа присутни и беа дел од забавната програма на вечерта.

peugeot-cars

„Еуроимпекс како компанија ја развивавме темелно и во континуитет. За да бидете успешни во тоа што го работите, треба да живеете, растете, да се развивате, размислувате и се борите за истите цели како и брендот (брендовите) кои ги претставувате. Со Еуроимпекс застапуваме повеќе брендови на македонскиот пазар, но факт е дека во јавноста сме најпрепознатливи по брендот Peugeot. За стабилен напредок на компанијата, вложува целото семејство на Еуроимпекс. Во изминативе години се соочуваме со непредвидливо турбулентен период, но истрајни сме во нашата определба и зацртан правец на движење. Нашата гордост е Еуроимпекс и тимот кој неа ја сочинува!“ – изјави г-динот Даниел Воиновски, Генерален директор на „Еуроимпекс“

peugeot-team

“Предизвиците се запишани во нашата историја, на што сме многу горди. Нашиот 25-годишен развој е процес кој во себе интегрира големи вложувања, фокусираност кон целите, адаптибилност кон пазарните услови и мноштво на големи одлуки, зад кои секогаш цврсто стоиме. – додаде г-динот Кирил Воиновски, Генерален директор на Еуроимпекс –  „За овие изминати години, имаме многу реализирани проекти за сите брендови кои ги застапуваме. Но за нас, најважно признание се задоволните клиенти кои својата доверба одлучиле да ја дадат на Еуроимпекс. Ова претставува постојан предизвик и голема обврска за понатамошен развој. Секако, тука не застануваме и на взаемно задоволство ќе ја оправдаме укажаната доверба.“

Поврзано:   Peugeot најавува интегриран ChatGPT во целата гама и 8-годишна гаранција за Е-3008

peugeot-olland

„Еуроимпекс има 25 годин и приближно, тоа претставува еднаков број на години од почетокот на партнерството со брендот Пежо. Поминаа 25 години во развој на Пежо брендот во Македонија, а сега продолжуваме и во соработка, во голем дел на балканските земји, како наш регионален импортер. Ако ова партнерство функционира толку добро и трае 25 години, тоа е затоа што нашите 2 компании делат еднакви вредности: доверба и побарување. 2015 е година на овој голем јубилеј, но и година на комерцијална офанзива за нашите 2 компании.“ – изјави г-динот Николас Оланд, Регионален менаџер за југоисточна Европа во Avtomobiles Peugeot.

Peugeot ќе продолжи да се посветува на спортските модели!

Ние имавме можност малку да поразговараме со господинот Оланд, и го прашавме кои се плановите на Peugeot во врска со спортските модели. Тој ни кажа дека е очигледно вниманиетo кое Peugeot го посветува на спортските автомобили наменети за ентузијастите, и дека брендот доживува своевидна ренесанса со Peugeot 208 GTi и новиот 308 GT, кои се наменети да ја комплетираат понудата на конкретните модели.

На прашањето дали Peugeot планира да се врати во Светскиот Рели Шампионат, ни кажа дека вниманието таму е посветено кон Citroen, но дека Peugeot ќе продолжи да учествува на уникатни настани како што е Pikes Peak, Дакар релито и други вакви настани, со цел да го промовира брендот, но и можностите и технологијата која Peugeot ги има на располагање.

Конечно, кога го запрашавме господинот Оланд дали ќе видиме сериски модели инспирирани од спортските успеси на Peugeot – на пример еден 2008 DKR наменет за улиците, господинот Оланд ни рече дека сме на вистинската патека – само да бидеме трпеливи уште неколку месеци!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.