770 коњски сили под отворено небо – Lamborghini Centenario Roadster! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

770 коњски сили под отворено небо – Lamborghini Centenario Roadster!

Lamborghini продолжува со означувањето на својата стогодишнина – а тоа го прави со ексклузивниот и веќе-распродаден Centenario Roadster!

Како што и му доликува на ваков модел, сите 20 примероци од Centenario Roadster се веќе продадени – и тоа по цена од 2 милиони евра.

Што добивате за тие пари? Па, да започнеме со ексклузивноста – како што рековме, ќе бидат произведени вкупно 20 примероци. Секој примерок ќе добие 11-инчен мултимедијален уред „со сите салтанати“, а ексклузивна е и Argento Centenario бојата на славеничкиот модел.

Centenario Roadster е придвижуван од добро-познатиот V12 на Lamborghini, овој пат навиен на 770 коњски сили – и тоа го прави Centenario Roadster најмоќниот уличен Lamborghini на сите времиња. Бенчмаркот од 100 километри на час се постигнува (и надминува) за само 2.9 секунди, а максималната брзина е „повисока од 350 километри на час.“

Одличен начин да се прослави роденденот!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.