full screen background image
Search

Tesla Model S P100D ќе нуди најбрзо забрзување меѓу сериските автомобили

Tesla ја најави врвната изведба на Model S и Model X – моделите ќе ја носат ознаката P100D и ќе нудат перформанси од кои застанува здивот, но и зголемена автономија.

Новите верзии на Model S и Model X ќе добијат батериски модул од 100 kWh. Компанијата тврди дека Tesla Model S P100D со Ludicrous Mode опцијата ќе биде најбрзиот сериски автомобил до 100 километри на час – ќе му бидат потребни само 2.5 секунди да го постигне бенчмаркот.

Дополнително, новиот батериски модул ќе ја зголеми автономијата на 613 километри според NEDC. Истовремено, ова ќе го направи Tesla Model S P100D автомобилот со најголема автономија на електрична енергија.

На Model X P100D ќе му бидат потребни 2.9 секунди до 100 километри на час, а автономијата ќе биде 541 километри според NEDC. Model S P100D ќе чини од 134.500 долари, а постоечките сопственици на Model S ќе можат да го надградат својот автомобил за 20.000 долари.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.