full screen background image
Search

РКЕ: Од вечерва бензините и дизелот поевтинуваат

Регулаторната Комисија за Енергетика пред неколку моменти ги објави новите цени на горивата – од вечерва на полноќ бензините и дизелот поевтинуваат!

Користејќи ја методологијата за пресметка на цените, Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи од вечерва  на полноќ да ги намали малопродажните цени на горивата во просек за 4.20 проценти.

Тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за 1.50 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 59.50 односно 61.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 2 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 46 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.