Mitsubishi го претстави XM Concept – најавува нов компактен MPV – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mitsubishi го претстави XM Concept – најавува нов компактен MPV

Со модерниот концепт кој ја носи ознаката XM, јапонскиот производител најавува компактно повеќенаменско возило кое треба да пристигне на пазарот следната година.

XM Concept наликува на eX концептот од минатата година, но е поголем, поробустен и поблиску до сериски автомобил. XM Concept има и поголема задна врата, поголеми стаклени површини, носи кровни носачи и има уште неколку детали кои сугерираат дека ова всушност е сериската верзија, иако Mitsubishi не го потврдува тоа.

Сепак, веќе е потврдено дека јапонскиот производител ќе претстави мало повеќенаменоско возило (MPV) кое ќе се произведува во целосно нова фабрика на Mitsubishi во Индонезија.

Иако немаме фотографии од ентериерот, знаеме дека компактниот MPV ќе нуди три реда седишта, а благодарение на големите стаклени површини ќе има многу природна светлина во внатрешноста. Сè уште не е потврдено ништо околу погонските единици, но со оглед на напорите кои Mitsubishi ги прави во насока на електрификација и хибридизација на своите модели, не би биле изненадени доколку во понудата се најде хибридна, па дури и целосно-електрична изведба.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.