full screen background image
Search

Монструозен Mercedes-AMG C63 S Coupe пристигна во Скопје!

Мускулестото германско супер-купе крие 4-литарски twin-turbo V8 благодарение на кој има на располагање 510 коњски сили!

Мат-сивиот примерок на Mercedes-AMG C63S кој пристигна во салонот на Мак Аутостар под својот поклопец носи 4-литарски twin-turbo V8 бензинец кој кон задните тркала испорачува 510 коњски сили и титански 700 Nm вртежен момент. Благодарение на овие бројки, екстремното супер-купе може да забрза до 100 километри на час за само 3.9 секунди и да постигне максимални 290 километри на час.

Навистина нема потреба повеќе да пишуваме – уживајте во фотографиите, а ние ќе продолжиме да се радуваме дека овој прекрасен примерок ќе го гледаме на нашите улици!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.