full screen background image
Search

Nissan Bladeglider: Електричен автомобил наменет за ентузијастите!

Базиран на DeltaWing тркачкото возило на Nissan, новиот BladeGlider е поглед кон она што Nissan ќе ни го понуди нам – автомобилските ентузијасти – во иднина.

Целосно-функционалниот прототип е блиску до радикалниот сериски автомобил кој наскоро би требал да се најде во сериско производство. Со BladeGlider, Nissan најавува автомобил кој комбинира нулта емисија на штетни гасови со високи перформанси и револуционерен спортски дизајн.

„BladeGlider е дел од посветеноста на Nissan да развие возила со нови технологии, нулта емисија на штетни гасови. Овие прототипови се одличен пример за желбата на Nissan да ја прошири својата Intelligent Mobility филозофија, каде уживањето во возењето ќе се комбинира со еколошка одговорност. Nissan верува дека ентузијастите треба да гледаат кон еколошки-прифатлива иднина, а Nissan BladeGlider е одлична демонстрација токму за тоа. Ова е електрично возило за вљубениците во автомобилите.“ – изјави Carlos Gnosn, претседателот на Nissan.

Инженерите на Nissan работеле на BladeGlider цели две години – и за тоа време е рафиниран дизајнот и подобрени се сите технологии, за да се добие напреден, агилен и ефикасен електричен автомобил.

Она што веднаш се забележува е дека BladeGlider нуди три седишта – едно централно, наменето за возачот и зад него уште две за сопатниците. Секако, напредната конфигурација нуди исклучителни аеродинамичност, ефикасност, стабилност и управување. Задните тркала се задолжени за придвижување на BladeGlider, а секое од нив има по еден електромотор кој нуди 130 kW моќност. Моќта доаѓа од батериски модул со капацитет од 220 kW.

Вкупната системска моќност се одлични 268 коњски сили и монументални 707 Nm вртежен момент. Бидејќи BladeGlider тежи само 1300 килограми, забрзувањето до 100 километри на час трае помалку од 5 секунди.

Значи, одлични перформанси, забава зад воланот и нулта емисија на штетни гасови? Нам ни се допаѓа комбинацијата!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.