Македонските авто-клубови се подготвени да помогнат! Иако многумина веќе индивидуално помогнаа и донираа, сепак македонските авто-клубови сакаат организирано да помогнат колку што можат!
Со желба да им помогнеме на нашите сограѓани кои го претрпеа најлошото во катастрофалната поплава во Скопје, и ние ја поддржуваме иницијативата организирана од Honda Клуб Македонија и останатите автомобилски клубови, и ги покануваме и останатите да се придружат кон собирањето на основните потребни материјали.
Она што е потребно е: вода, конзервирана храна, свеќи, бебешки пелени и храна за бебиња и сето она што може да им помогне на настраданите од поплавата. Сè што ќе собереме ќе биде предадено онаму каде е најпотребно – на настраданите од поплавите во Скопје.
Пунктот за собирање на помошта е пред спортската сала Борис Трајковски во Скопје, утре (вторник) од 14:00 часот. Се гледаме таму – а во меѓувреме, Ве потсетуваме да донирате за настраданите на телефонскиот број 143 400!