По преголемата побарувачка за купување на новиот Focus RS, тјунерската компанија Mountune претстави пакет за засилување на популарниот супер-хечбек.
Пакетот го засилува 2.3-литарскиот четири-цилиндарски турбо-бензински EcoBoost мотор за 25 коњски сили и 40 Nm, на конечни 375 коњски сили и 510 Nm вртежен момент, со 12-секунди активна Overboost функција. Придобивката на сила резултира со намалување на времето за забрзување од 0 до 100 километри на час за 0.2 секунди, односно на само 4.5 секунди. Максимална брзина останува на 266 км/ч.
За да ги постигне овие бројки, Mountune развиле посебен воздушен филтер, го измениле системот за воздушно ладење и го оптимизирале софтверот на компјутерската единица. Пакетот ја задржува фабричката гаранција на Ford и чини 899 фунти во Велика Британија. За негово вградување се потребни околу 90 минути во секој Mountune специјализиран дилер на Ford.