full screen background image
Search

Volvo планира целосно автономен модел до 2021

Шведскиот производител најави дека иако ќе ги огранични автономните можности на своите автомобили само на патишта надвор од урбаните средини, сепак до 2021-та година во својата понуда ќе има целосно автономен модел.

Технологиите на автономно возење земаат сè поголем замав – ако пред само неколку години автомобили кои самостојно ќе возат како низ градовите, така и надвор од нив, веќе сме сведоци на возила кои самите се снаоѓаат во различни сообраќајни услови.

Секако, сето тоа е подложно на многу тестирање и анализирање, кое веќе е направено а ќе се прави екстензивно и во иднина. Како одговор на тоа, шведскиот производител Volvo најави дека во интерес на безбедноста, автономните функционалности на автомобилите кои ќе ги произведува во иднина ќе бидат достапни само надвор од урбаните средини, односно само на отворен пат.

volvo-autonomous1

„Немаме амбиции да понудиме автомобил кој во урбана околина ќе вози од точка А до точка Б. Ако сте нормален корисник, дали навистина го сакате тоа? Ние повеќе веруваме дека во ситуации каде возењето не е забавно можете да го вклучите автопилотот и да правите нешто друго, односно попродуктивно да го искористите вашето време. Тоа е продукт кој ние го развиваме.“ – изјави Hakan Samuelsson, претседателот на Volvo. Веќе следната година Volvo ќе започне масовно тестирање на својот Intellisafe Autopilot систем преку Drive Me проектот во Готенберг, а по тестирањето ќе биде пуштен и во широка употреба.

volvo-autonomous2

Сепак, плановите на Volvo не завршуваат тука. Шведската компанија има сериозни амбиции во следните неколку години да понуди автономен автомобил кој ќе биде директен конкурент на германските производители. Според Autocar, Volvo е во потрага по партнер со кој би се поделиле трошоците и би се забрзало развивањето на технологиите. Дополнително, според Autocar целта на Volvo е до 2021 да има целосно автономен модел на автопат.

Volvo XC90 Drive Me

Volvo XC90 Drive Me

„Нашите амбиции се да имаме автомобил кој може да биде целосно автономен на автопат до 2021.“ – изјави Hakan Samuelsson – „Технологијата е нешто што не можеме само ние да го направиме.“ Сето ова е во согласност со амбициите на Volvo да биде производител на најбезбедните возила на патиштата, а оди и кон стандардизирање и омасовување на автономните, но и безбедносните технологии.

Поврзано:   Volvo исфрли автомобили од 30 метри висина во името на науката

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.