full screen background image
Search

Porsche Exclusive ја прикажа својата интерпретација на новата Panamera

Porsche Exclusive е дивизија на германскиот производител која се занимава со екстензивно прилагодување на своите модели кон желбите на купувачите – и токму овие две верзии на новата Panamera се своевиден излог за она што можат да го понудат.

Новата Panamera неодамна го имаше своето официјално деби и веќе го привлече вниманието на јавноста – првата генерација изнуди секакви реакции, но реакциите за новата Panamera се скоро универзално позитивни. Сепак, тоа не значи дека нема простор за подобрување, а Porsche Exclusive го направи токму тоа.

Сребрениот автомобил на фотографиите е Porsche Panamera Turbo и носи 4-литарски твин-турбо V8 кој испорачува 550 коњски сили и 770 Nm вртежен момент. Одличен контраст на сребрениот екстериер се деталите офарбани во сјајна црна боја – дури и SportDesign пакетот ги има истите детали, па севкупиот впечаток е дека се работи за агресивен спортски автомобил.

Другиот автомобил е Panamera 4S – овој модел има на располагање 440 коњски сили и 550 Nm вртежен момент, и забрзува до 100 километри на час за 4.2 секунди. Кај овој автомобил се применети скоро истите трикови, а се забележува и двобоен ентериер кој дополнително ги истакнува талентите на Porsche Exclusive.

Ако се прашуваме ние, најверојатно би ја обрале сребрената варијанта – ни се допаѓа контрастот на сребрената боја и црните детали – а и кој може да каже не на 550 коњски сили?

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.