full screen background image
Search

Mazda ја освежи 3 за домашниот пазар!

Mazda 3 – или Mazda Axela како што е позната на домашниот, јапонски пазар – го доби очекуваното освежување, а меѓу новитетите издвојуваме редизајниран преден браник, освежен ентериер и грст нови технологии.

Она што веднаш се забележува е освежениот преден дел кој сега има нова маска на ладилникот, преместена е значката на Mazda а хечбекот добива и нови предни светлосни групи. На задниот дел препознаваме редизајниран заден браник, но таму измените се подискретни.

mazda-3-fl-interior

Во ентериерот Mazda 3 добива нов управувач и нови метални декоративни детали на вратите и централната конзола. Подобро опремените модели добиваат електрична рачна кочница, а подобрен и head-up дисплејот. Дополнително, моделите со повисоко ниво на опрема добиваат и адаптивни LED предни светла кои во зависност од брзината на движење го менуваат снопот на светлинта и имаат специјален Highway Mode режим наменет за возење на отворен пат кој продолжува дофатот на предните светла при брзини над 95 километри на час.

mazda-3-fl-side

Дополнително, Mazda го подобри и Advanced Smart City Brake системот кој препознава возила и пешаци. Технологијата користи предна камера и функционира при брзини од 4 до 80 километри на час. На самиот крај, посебно внимание заслужува и новиот G-Vectoring Control систем кој за прв пат се вградува во Mazda, а системот ја подобрува динамиката во возењето со тоа што скоро незабележително го намалува вртежниот момент кој моторот го испорачува. Според Mazda, овој систем нуди „повеќе контрола во секоја ситуација – од секојдневно возење, па до маневри за избегнување на сообраќајни несреќи.“

mazda-3-fl-rear

 

Фејслифтираната Mazda 3 ќе пристигне во Европа кон крајот на оваа година, а во понудата ќе се најдат бензиските SKYACTIV-G мотори со 1.5 литри и 100 коњски сили, како и 2-литарските со 10 и 165 коњски сили, а понудата на турбодизели ќе биде оформена од 1.5-литарскиот SKYACTIV-D со 105 коњски сили и 2.2-литарскиот SKYACTIV-D со 150 коњски сили.

Поврзано:   Вечерно Кино: Need For Speed на вистински улици!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.