full screen background image
Search

РКЕ: Бензините остануваат со иста цена, дизелот поевтинува 1 денар

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави старо-новите цени на горивата.

Согласно методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени ќе се намалува во просек за 1.2 проценти.

Тоа значи дека од вечерва цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 остануваат непроменети, и еден литар од овие горива ќе чини 61 односно 63 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 1 денар и еден литар дизел гориво ќе чини 48 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.