full screen background image
Search

Jeep направи 75th Salute Wrangler Concept по повод 75 годишнината на Willys MB

Со цел да ја одбележи 75 годишнината на компанијата, Jeep создаде специјален Wrangler кој оддава почит кон легендарниот модел Willys MB , кој беше користен во Втората Светска Војна.

Навистина е тешко да се одреди кога моделот Jeep Wrangler беше створен, но производителот тврди дека легендарниот теренски автомобил како што го знаеме денес бил официјално создаден во 1941. На 15ти Јули истата година, владата на САД ги награди Willys-Overland со договор да го произведуваат Willys MB.

Во текот на Втората светска војна беа роизведени повеќе од 600,000 примероци. Тие беа користени за речиси се, од амбулантни, извиднички возила, носачи на оружје, поставувачи на жици, па дури и користеа за превоз до бојните полиња. Тие беа дизајнирани според три строги правила: да бидат доволно лесни да можат да бидат подигнати од четири војници, да имаат четири тркала и меѓуоскино растојание од 80 инчи. Ова е еден од најкорисните машини некогаш создадени. А за да го прославaт неговиот 75ти роденден, како и да оддадат почит кон военото наследство на Jeep, тие решија да го создадат „75th Salute Concept“.

Базиран на моменталниот Wrangler Sport, маслинестиот Wrangler 75th Salute Концепт е верно маскиран во оргиналниот Willys MB. Концептот нема Б-столбови, нема врати, нема заштитен кафез и го прославува дизајнерскиот пристап „функција пред форма“ на оргиналното воено возило. Моделот е поставен на 16-инчни челични тркала кои се обвиени во 32-инчни ненасочени пневматици и располага со ретро елементи, челични предни и задни браници со куки за влечење и платнени седишта со ниска задна потпора.

Поврзано:   ТЕСТ: Jeep Compass 4xe PHEV 190 Limited - Ново поглавје за Jeep!


Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.