full screen background image
Search

И покрај Dieselgate, профитот на VW порасна за 7 проценти во првата половина од годинава

Иако се чинеше дека Volkswagen ќе претрпи значителни загуби благодарение на скандалот со емисија на штетни издувни гасови, групацијата некако успеа да се извлече со профит.

Заработката на VW во првата половина од годинава се зголеми за 7 проценти на 7.5 милијарди евра благодарение на зголемената продажба на Европските пазари, како и враќањето на нарачките од големите корпоративни возни паркови и позитивното влијание од програмата за ефикасност.

Јурген Пиепер, Франкфуртскиот аналитичар од Metzler Bank изјави – „Бројките покажуваат историски рекорден резултат во втората четвртина, и тоа е навистина спектакуларно кога ќе се земат во предвид потешкотиите кои VW ги претрпе поради намалениот приход и сите штети активирани со скандалот“.

Известување од комитетот на Германскиот производител предвидува приходот од продажбата за 2016 да биде намален за 5 проценти во споредба со претходната година, иако ова зависи од економските услови во Јужна Америја и Русија, развојот на девизниот курс и влијанието од Dieselgate скандалот. Сепак, целосниот извештај од првите шест месеци ќе биде објавен на 28-ми Јули.

Извршните директори во Volkswagen се чини дека го поместиле брендот подалеку од масивниот скандал за емисија на издувни гасови, додека одвоиле на страна 16.2 милијарди евра да платат за поправките на повеќе од 11 милиони возила опремени со дизел мотори и засегнатите софтверски системи за мамење околу светот,како и правните трошоци.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.