Следната генерација на Nissan Juke се подготвува за лансирање наредната година, а со себе ќе носи бројни подобрувања, технологии, нова платформа и погонски единици.
Извршниот директор на Nissan – Широ Накамура изјави дека втората генерација на Juke ќе задржи многу од главните стилски одлики на оргиналниот модел, но ќе биде малку поконвенционална и ќе се приближи кон останатите модели на Јапонскиот бренд. На пример на предниот дел ќе се забележуваат сличности со Qashqai, но ќе бидат задржани слични задни светла и големи лакови на тркалата по кои моделот ќе биде препознатлив како Juke.
Новата генерација ќе биде поставена на претспојната Common Module Family шасија од алијансата Renault-Nissan. Покрај тоа што ќе биде полесна и поефтина за производство од моменталната архитектура, исто така ќе биде малку подолга и ќе располага со повеќе место за нозете на задната клупа.
Новата шасија ќе му овозможи на Juke да добие палета од нови погонски единици, вклучувајќи мал 1.0-литарски три-цилиндарски турбо бензинец, 1.5-литарски дизел и 1.6-литарски четири-цилиндарски турбо-бензинец со 190 кс резервиран за врвната изведба. Постои можност и заа хибридна варијанта.
Во кабината промените ќе бидат големи. Се очекува Nissan да го опреми моделот со попрефинети материјали и површини, како и нов систем за информации и забава кој ќе поддржува Apple CarPlay и Android Auto.
Моделот можеби ќе биде прикажан во концептуална форма во текот на претстојните месеци пред да дебитира серискиот автомобил во првата половина од 2017.