BMW 740е iPerformance – хибриден знаменосец – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW 740е iPerformance – хибриден знаменосец

Баварците ја претставија хибридната верзија на новата Серија 7 – а новиот BMW 7 iPerformance може да се пофали со 326 коњски сили и можност да помине околу 50-тина километри на електрична енергија!

Хибридната верзија на големата Серија 7 ќе можете да ја добиете во три изведби – понудата започнува со 740e iPerformance со погон на задните тркала, 740Le iPerformance со продолжено меѓуоскино растојание и 740Le iPerformance xDrive со продолжено меѓуоскино растојание и погон на сите четири тркала.

Сите три верзии користат идентичен plug-in хибриден погон – а тоа комбинација од бензински мотор со четири цилиндри и електромотор за вкупна системска моќност од 326 коњски сили и 500 Nm вртежен момент. Луѓето од BMW се особено горди на фактот дека ова е најмоќниот четири-цилиндерски мотор кој досега сериски се вградувал во модел на BMW, а тука испорачува 258 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. Хибридниот погон му овозможува на големиот седан да забрза од 100 километри на час за 5.3 секунди (во зависност од изведбата), a притоа во просек да троши меѓу 2 и 2.2 литри бензин на 100 километри.

Моќта која ја нуди хибридниот систем се пренесува преку исклучително ефикасен 8-брзински Steptronic менувач. Дополнително, менувачот е прилагоден да работи во согласност со хибридниот погон кој примарно е поставен да работи само на електрична енергија. Во овој режим, бензинскиот мотор се вклучува само при брзини над 80 километри на час или пак при поагресивно забрзување. Тука е и MAX eDRIVE режимот во кој големиот седан работи како електричен автомобил при брзини до 140 километри на час. Автономијата на електрична енергија во зависност од изведбата е меѓу 44 и 48 километри.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.