full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Kamikaze Drift на Gunsai!

Овој извонреден видео клип перфектно ја прикажува Јапонската иконска ридско-планинска дрифт сцена во снимка која наликува на Fast and Furious: Tokyo Drift.

Во денешно време, дрифтот е многу популарен моторспорт кој зема учество околу светот во најразлични национални и интернационални серии. Сепак, колку и да се промени, неговите корени сеуште остануваат во испреплетените планински патишта во Јапонија и се до денешен ден, овие патишта остануваат главна локација за професионалците и аматерите.

Дали е Nissan Skyline, Mazda RX8, Nissan Silvia или Toyota AE86, сите автомобили се специјално-тјунирани чудовишта кои се движат странично и завиваат по патиштата со нивните турбополначи и издувни вентили, додека произведуваат огромни количини на чад од гумите и оставаат траги од гуми по асфалтот.

Доколку имате да одвоите 3 минути од вашето време, ова е видеото кое не смеете да го пропуштите. Уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.