Вечерно Кино: Ford продолжува со усовршувањето на новиот GT! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Вечерно Кино: Ford продолжува со усовршувањето на новиот GT!

Инженерите од Синиот Овал не престануваат со усовршувањето со новиот знаменосец на брендот – автомобилот со тркачки гени – екстремниот Ford GT!

Новиот Ford GT е своевиден изложбен салон за можностите на новите EcoBoost мотори, но и за ултра-лесни материјали и напредна аеродинамика. Инженерите на Ford не престануваат да го усовршуваат новиот GT и токму на тоа е посветено навистина многу внимание.

Погледнете како се тестира аеродинамиката на новиот супер-автомобил на Синиот Овал, но и како функционира неговата активна аеродинамика која има цел да ги подобри перформансите, но и стабилноста и ефикасноста.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.