full screen background image
Search

Вечерно Кино: Ford ги бара најубавите патишта за возење во Европа – Дел 5: Black Forrest Highway!

Во петтата епизода Ford не носи на автопатот Black Forrest во Германија, заедно со караванската изведба на Ford Focus ST TDCI.

40 километри долгиот автопат наречен B500 во централниот дел на Black Forrest ги претставува најпредизвикувачките километри кои ќе ги возите во цела Германија. Маѓепсувачката околина, заедно со одличниот асфалт и прекрасните свиоци го прават овој пат еден од најубавите патишта за возење во Европа.

Придружете му се на Стив во неговото возење со Ford Focus ST TDCI Estate и дознајте повеќе за овој не многу познат пат – и да ве потсетиме, и ние имавме можност да го возиме Focus ST TDCi во околината на Келн, минатата година.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.