full screen background image
Search

Jeep и Garage Italia подготвија кастомизиран Jeep Renegade за Harley Davidson!

Малиот Jeep Renegade доби значителни преработки од тјунерите од Garage Italia Customs и сега сосема му прилега на имиџот кој го носи легендарниот производител на моторцикли – Harley Davidson!

Jeep е главен спонзор на 25-годишнината од легендарниот H.O.G. European Rally настан на Harley Davidson кој оваа година започнува во Порторож, Словенија. Бидејќи ја имаат таа важна улога, решија да направат специјален, кастомизиран Jeep Renegade кој ќе биде во согласност со духот на Harley Davidson, а задачата да го изведе тоа ја прифати Garage Italia Customs.

Преработениот Jeep Renegade се вика „Hell’s Revenge“ и е посветен на сопствениците на Harley Davidson ширум светот. Веднаш ќе ги препознаете пламените јазици кои се своевиден заштитен знак на чоперите, и одлично му прилегаат на малиот теренец. Дополнително, малиот Renegade добива и персонализирани заштитни панели, подигната суспензија и специјални алуминиумски фелни обвиени во теренски BF Goodrich пневматици.

Изгледа моќно, зарем не?

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.