Rolls Royce 103EX – Иднината на луксузното патување – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Rolls Royce 103EX – Иднината на луксузното патување

Британскиот производител на ултра-луксузни автомобили го претстави својот Vision Next 100 концепт во форма на целосно-автономен концепт кој го носи името 103EX, а сето тоа во често на 100-годишнината на BMW!

103EX е визијата на Rolls Royce за тоа како би изгледал и функционирал целосно автономен, уникатно изработен луксузен автомобил. Со користење на најнапредните материјали кои се денес достапни, компанијата ќе им дозволи на клиентите да учествуваат во дизајнот, големината и силуетата на идните Rolls-Royce автомобили. Со ова Rolls Royce најавува дека ќе се врати кон своите вистински корени – а тоа е правење на coachbuilt автомобили, специјално прилагодени за вкусот и потребите на секој индивидуален купувач.

Она што ќе го забележит е дека во Rolls Royce 103EX нема управувач – автомобилот е целосно автономен. Ова ослободува повеќе простор за патниците кои можат навистина да се опуштат и да уживаат. Наместо управувач (и возач), тука е Eleanor – виртуелниот асистент и шофер. Како што досега само сме виделе во филмовите, Eleanor е тука не само да го вози автомобилот до саканата дестинација, туку и да им помогне на нејзините сопственици, да ги советува за нивните обврски и опции, да ги постети за состаноци и задачи, и да очекува непредвидени ситуации.“

На предниот дел од ентериерот е монтиран провиден екран изработен со OLED технологија, и преку овој екран се достапни сите информации. На екстериерот доминира несекојдневната форма која истовремено се навраќа на старите модели на брендот, но и навестува што да очекуваме од Rolls Royce во иднина. Тесните, 28-инчни тркала се рачно изработени од 65 засебни парчиња алуминиум, а покриени се поради тоа што Rolls Royce сака автомобилот да наликува на футуристички катамаран.

Интересно – луѓето од Rolls Royce признаваат дека целосно-електричниот погон во 103EX е одбран поради фактот дека големите, V12 мотори со внатрешно согорување најверојатно нема бидат достапни во (по)далечната иднина, и со тоа ја најавуваат насоката во која ќе се движат во следниве неколку години.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.