full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Castrol Edge и клонот ривал на Koenigsegg One:1

Производителот на моторни масла Castrol објави интересно видео за промоција на маслото EDGE Titanium со монструозниот Koenigsegg One:1 во главна улога.

Повеќе од 115 години, Castrol е воден од неуморлив иновативен дух и посветеност да ги помести границите на возможното – и сето тоа со константна цел да ги развие најдобрите масла. Видеото раскажува како ова моторно масло ги подобрува фабричките перформанси на возилото и му овозможува на возачот Christoffer Nygaard да се соочи со својот најголем противник – самиот себеси – и да направи круг побрз од виртуелниот.

Погледнете го Koenigsegg One:1 на свој домашен терен – тркачката патека и уживајте во неговите способности!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.