CCGT1 е новиот хиперавтомобил на Koenigsegg – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

CCGT1 е новиот хиперавтомобил на Koenigsegg

Тркачкиот автомобил дебитираше за време на неделата на автомобилите во Монтереј и предизвика воодушевување меѓу автомобилските ентузијасти ширум светот.

Приказната започнува уште во раните 2000-ти години, кога Christian von Koenigsegg правел тркачки автомобил според строгите GT1 регулативи на ФИА, но проектот за жал бил прекинат.

Токму новиот CCGT1 служи како продолжување на  животот на тој загубен тркачки сон.

Иако техничката основа ја дели со моделот CC850, каросеријата е целосно ревидирана и речиси секој панел доаѓа со нов дизајн за максимални перформанси.

Под хаубата се наоѓа моќниот 5-литарски V8 со двоен турбополнач, кој испорачува 1280 коњски сили, односно 1600 коњски сили кога користи етанол E85.

Eксклузивноста е загарантирана бидејќи производството е строго ограничено на само 70 примероци ширум светот и секако дека сите 70 се распродадени само неколку часа по објавата.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!