Компанијата од Сан Марино го покажа своето второ ремек-дело кое е инспирирано од култниот Lamborghini Diablo.
Срцето на овој автомобил е целосно редизајниран 5.7-литарски атмосферски V12 мотор кој испорачува моќност од 550 коњски сили и 601 Nm вртежен момент.
Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 3.8 секунди, додека максималната брзина достигнува повеќе од импресивни 335 км/ч.
Силата се пренесува преку шестстепен мануелен менувач, а достапни се три различни режими на возење за прилагодување на условите на патот.
Шасијата и каросеријата се збогатени со структурни челични и карбонски парчиња а автомобилот ги задржува препознатливите пропорции на оригиналниот Diablo.
Eccentrica Roadster исто така има проширени крила, ревидирана геометрија, полуактивни амортизери, хидрауличен систем за управување и модерни Brembo сопирачки.
Производството ќе бидe ограничено на само 19 примероци, а купувачите можат да избираат помеѓу три стилски насоки за персонализација – Sport, Eccentric и Heritage.



















