full screen background image
Search

Регулаторна: Бензините поевтинуваат, дизелот останува со иста цена

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи – од вечерва бензинте ќе бидат поевтини за 0.5 односно 1 денар, а дизелот ќе остане со истата цена како и досега!

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата. Како и секој втор понеделник, така и денес добивме нови цени – а согласно методологијата за пресметка на цените, малопродажните цените се зголемуваат во просек за 0.11%.

Преведено во цени, тоа значи дека цената на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 0.5 денари, цената на ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 1 денар. Овие горива ќе чинат 63.50, односно 65.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото останува непроменета, и еден литар ќе продолжи да чини 50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.