Škoda Octavia добива 1-литарски TSI со 115 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Škoda Octavia добива 1-литарски TSI со 115 коњски сили!

Чешкиот производител во својот најважен автомобил ќе вградува нов 1-литарски TSI турбо-бензинец кој нуди 115 коњски сили, но истовремено ветува и врвна економичност!

Најпродаваниот модел на Škoda – Octavia – со верзијата за 2017 година станува уште подинамичен и поефикасен. Може да се пофали со нов, високотехнолошки трицилиндарски бензински мотор со моќност од 115 коњски сили, како и со систем за динамична контрола на подвозјето кој е достапна кај моделите со над 150 КС.

Трицилиндарскиот бензинец ќе го замени 1,2 литарскиот мотор со четири цилиндри. Со зафатнина од 999 кубни сантиметри, новиот 1.0 TSI нуди 115 коњски сили. Со овој мотор, Octavia за прв пат во своето постоење ќе добие трицилиндарски мотор. Неговата компактна конструкција заедно со алуминиумските делови придонесуваат да тежи само 78 килограми, при што ги задржува главните карактеристики на сите типови мотори на Škoda Octavia како што се извонредните перформанси и малата потрошувачка на гориво.

Во комбинација со седумбрзински DSG менувач со двојна спојка, новиот 1.0 TSI мотор овозможува до 100 километри на час за 10 секунди, при што може да достигне максимална брзина од 202 километри на час. Во комбинација со шестбрзинскиот рачен менувач, забрзувањето од нула до 100 километри на час се достигнува за 9,9 секунди.

Најголем напредок е постигнат кај вбризгувањето гориво во новиот трицилиндарски TSI мотор, што е за осум отсто пониско отколку кај претходниот мотор. Хечбекот со седумбрзински менувач може да помине 100 километри со само 4.5 литри гориво, додека кај комби верзијата потрошувачката изнесува 4.6 литри.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.