full screen background image
Search

BMW го слави 30-тиот роденден на M3 со специјалната 30 Jahre серија!

Среќен роденден BMW M3! Да, првиот BMW M3 се појави на пазарот пред точно 30 години, и во таа чест баварскиот производител подготви специјална серија на легендарниот спортски автомобил!

Првиот BMW M3 беше претставен на саемот на автомобили во Франкфурт во далечната 1985-та година, а продажбата започна следната, 1986-та година во форма на теутонскиот BMW E30 M3. Новиот M3 30 Jahre добива дискретно зголемување на моќноста, но и визуелни измени кои го двојат од обичниот M3.

bmw-m3-30-jahre-sidebyside

Што го издвојува M3 30 Jahre од „обичниот“ М3?

Модификациите започнуваат со Competition пакетот кој е опција кај обичниот M3, а тука е дел од стандардната опрема. Со овој пакет, моќноста се зголемува на 444 коњски сили, а времето потребно „до стотка“ се намалува за 0.1 секунда на рамно 4 секунди. Дополнително, дел од пакетот се Adaptive M суспензијата и репрограмиран активен диференцијал и систем за стабилност. Дел од стандардната опрема се и карбон-керамичките сопирачки и автоматскиот менувач со двојна спојка.

bmw-m3-30-jahre-rear

Од визуелните измени, ги издвојуваме големите, ковани 20-инчни тркала и огромни 285/30 пневматици на задните тркала. Уникатна е и Frozen Silver бојата, како и деталите од карбон кои се насекаде – на предниот сплитер, капаците од страничните ретровизори, дифузерот и спојлерот.

Во ред, колку ќе ме чини M3 30 Jahre?

Доколку сте сериозни, бидете подготвени да платите малку повеќе. Цените во континентална Европа сè уште не се познати, ни BMW ги објави цените во Обединетото Кралство – а таму M3 30 Jahre ќе чини 82.675 фунти, односно нешто над 107.000 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.