Peugeot претстави футуристички L500 R Hybrid концепт – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot претстави футуристички L500 R Hybrid концепт

Францускиот бренд претстави хипотетички тркачки автомобил од иднината кој оддава признание на речиси 100 години стариот тркачки модел Peugeot L45.

Пред речиси еден век, на 30-ти Мај 1916, моделот Peugeot L45 возен од Дарио Реста ја освои победата на познатата трка Indy 500 откако успеа да постигне импресивна просечна брзина од 135 км/ч. Деновиве, Peugeot го слави тоа достигнување со претставување на концептот L500 Hybrid кој ја прикажува визијата на брендот за идните тркачки автомобили.

Футуристичкиот концепт изгледа како да е подготвен за да му се придружи на Peugeot Vision Gran Turismo во GT6, но тоа не е така во овој случај. Радикално-дизајнираниот L500 R Hybrid развиен од Peugeot Sport оддава почит на успешниот L45 и пробува да погледне во иднината на тркањето со возачка кабина конструирана да формира индивидуална лебдечка капсула во каросеријата. Додека L45 беше двосед, L500 R Hybrid е пофокусиран тркачки автомобил со едно седиште, со мал волан и холографски i-Cockpit со два дисплеја проектирани на двојни дискови.

fdfghjk

Peugeot Sport го замислил концептот со моќна plug-in хибридна конфигурација која комбинира бензински агрегат со сила од 270 кс со два електрични мотори, од кои едниот е поставен на предната, а другиот на задната оска. Оваа конфиграција би била способна да испорача комбинирана сила од 500 кс и 730 Nm вртежен момент.

Оваа сила би го придвижила L500 R Hybrid да забрза од 0-100 км/ч за само две и пол секунди и да помине еден километар за само 19 секунди. Ултра лесниот тркачки модел е замислен да тежи само 1000 килограми и изгледа како да е залепен за патот благодарение на извонредно ниската височина од само еден метар.

Поврзано:  Peugeot ја згаснува дивизијата PSE?

Секако дека L500 R Hybrid не е ништо повеќе од концепт, но сепак, импресивно е да се види како Peugeot Sport ја гледа иднината на тркањето.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.