Кореа Ауто Трејд го прослави 21-виот роденден! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Кореа Ауто Трејд го прослави 21-виот роденден!

Нашите пријатели од македонскиот импортер за Hyundai го прославија својот 21-ви роденден, но и признанието за Најдобар Дистрибутер за 2015-та година кое го добија од Hyundai Motor Corporation!

Минатата седмица македонскиот импортер за Hyundai го прослави својот 21-ви роденден, и тоа со грандиозна свеченост со многу гости и многу музички ѕвезди. Истовремено, Кореа Ауто Трејд ја искористи можноста пред македонската јавност да ја презентира и најновата генерација на популарната Elantra која неодамна пристигна кај нас (за што ние веќе еднаш објавивме).

kat-rodenden-1

Сепак, од можеби поголема важност беше признанието за Најдобар Светски Дистрибутер за 2015-та година кое Кореа Ауто Трејд го доби од својот принципал, Hyundai Motor Corporation. Признанието го додели претставник на Hyundai Motor Corporation, а го презема г-дин Вилјам Хорват, основачот и директорот на Кореа Ауто Трејд. Ова е мошне значајно признание, и зборува за квалитетот на услугата и општиот однос кон клиентите кои ги нуди македонската компанија.

kat-rodenden-3

Како дел од манифестацијата, имавме можност да видиме 3D-проекција на вода на новата Elantra, но и да го посетиме мини-музејот на Hyundai и Кореа Ауто Трејд низ кој беа прикажани најважните модели на брендот кои се нудеа во Македонија. Им го честитаме роденденот и признанието, и им посакуваме уште многу успеси во иднина – Среќен Роденден!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.