Еден од најважните автомобили на Hyundai – новата Elantra – пристигна во салонот на Кореа Аутотрејд во Скопје!
Иако автомобилот сè уште не е официјално претставен пред македонските купувачи, ние ја искористивме можноста накратко да го погледнеме новиот модел на Hyundai и да ви пренесеме неколку фотографии.
Првите впечатоци се позитивни – дизајнот е поедноставен во однос на претходниот модел, но истовремено и посовремен. Се забележува дека инженерите на Hyundai посветиле навистина многу внимание на завршната обработка и на комфорот. Сега за сега, се нуди добро-познатиот 1.6-литарски GDI атмосферски бензинец, а понатаму гамата ќе биде проширена со турбодизел мотори, а можно е пристигнување и на новата Elantra Sport со 200 коњски сили за која неодамна пишувавме.
Сигурни сме дека официјалната промоција ќе се случи наскоро, а ние ќе имаме можност подобро да ја запознаеме новата Elantra и да ви ги пренесеме нашите впечатоци.