full screen background image
Search

Citroën ги освежи C4 Picasso и Grand Picasso, добиваат нови мотори и повеќе технологија

Популарните повеќенаменски возила на Citroën добија освежување, а најважен новитет се новите мотори и новите технологии кои за прв пат се достапни кај C4 Picasso и C4 Grand Picasso.

Освежените C4 Picasso и Grand Picasso добиваат нов преден дел кој за прв пат е идентичен кај двата модели. Добиваат и нови задни светла со тродимензионална графика, нови 17-инчни тркала и три нови бои меѓу кои ќе можат да одберат купувачите.

Интересно, Citroen реши да го понуди и 1.2-литарскиот PureTech бензинец со 110 коњски сили во Picasso во комбинација со мануелен менувач со шест брзини, а 130-коњската верзија на истиот мотор може да се добие и кај големиот Grand Picasso, и кај обата модели може да се комбинира со мануелен или автоматски менувач.

Купувачите ќе можат да одберат меѓу три различни пакети за ентериерот – Wild Blue за помладите купувачи, Dune Beige за малку попремиум чувство и Hype Grey кој според Citroen нуди „искуство од бизнис класата.“ Меѓу новите технологии кои се нудат во C4 Picasso и Grand Picasso, вбројуваме систем за следење на лентата на движење, следење на слепата точка, активен темпомат, активно кочење во градски услови, и друго. Новата генерација инфозабавен систем има дисплеј од 7 инчи кој е чувствителен на допир, вклучува дигитално DAB радио и 3D-навигација која може да се управува преку гласовни команди.

Продажбата на освежените модели треба да започне во Септември.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.