Volvo V60 Polestar потпиша долгорочен договор со WTCC – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volvo V60 Polestar потпиша долгорочен договор со WTCC

Спортскиот V60 Polestar е безбедносен автомобил на овогодишниот WTCC шампионат, кој започна на патеката Пол Рикард во Франција на 1ви Април.

V60 Polestar Safety Car е опремен со безбедносен кафез, опрема за спасување и комуникација и екипаж од две лица, кои содржат возач и еден набљудувач. Според Volvo ова е најбезбедниот безбедносен автомобил кој ја толкувал оваа улога на Светскиот Шампионат на туристички автомобили.

“Беше лесна одлука да се започне соработка со WTCC за Официјален Безбедносен автомобил. Ова ни овозможува на нас да го затвориме кругот од тркачка патека до цивилните патишта со прикажување на купувачите на домашната алтернатива од нашата тркачка технологија во форма на Volvo V60 Polestar Safety Car, а во исто време да бидеме и дел од значајниот и екстензивен безбедносен оддел на шамионатот”, рече Александер Мурџевски Шедвин, главниот директор на Polestar.

Франсоа Рибеиро, главиот на Еуроспорт настаните искоментира: “Минатиот Октомври ние ја поздравивме долгорочната посветеност на Polestar во WTCC како производител. Сега ги поздравуваме Polestar како нов Официјален Безбедносен Автомобил партнер на WTCC, ексклузивна можност која ќе им овозможи да го промовираат нивнот екстремно безбеден и спортски V60 Polestar знаменосен модел во целиот свет”.

Како производ создаден од 20-годишно искуство во моторспортот, V60 Polestar (сопственик на безбедносен Euro NCAP рејтинг од пет ѕвезди) е технолошки усовршен да пренесе супериорно возачко искуство без оглед на временските услови, благодарение на професионалните тркачки возачи од тимот Polestar Cyan Racing, Тед Бјорк, Роберт Далгрен и Фредрик Екблом кои земале учество во развојот на автомобилот.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.