Макпетрол го промовира метанот како алтернативно гориво во Македонија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Макпетрол го промовира метанот како алтернативно гориво во Македонија

Иако веќе се нуди во Македонија на неколку пумпи, со отворање на уште една локација каде ќе може да се полни, Макпетрол дополнително го промовира метанот како алтернативно и еколошки-прифатливо гориво во нашата земја.

Макпетрол АД во континуитет вложува напори да биде во чекор со светските трендови и на потрошувачите да им обезбеди најквалитетни горива за нивните возила. Тоа се однесува како на конвенционалните горива, така и на алтернативните горива. Со отворање на уште една локација каде купувачите ќе можат да полнат метан, компанијата дополнително го промовира и го доближува ова алтернативно гориво до купувачите во Македонија.

mp-metan3

„Метанот е гас настанат во длабочините на земјата од каде што наменски се извлекува, или пак се прифаќа како нуспроизвод при експлоатација на нафтните полиња. Го среќаваме под имињата Kомпримиран Природен Гас или КПГ, потоа како природен гас или земен гас, а во англиканското говорно подрачје како Compresed Natural Gas или CNG. Кај нас широко прифатен термин е Метан што најповеќе одговара на неговиот состав кој е всушност 95% чист метан. Не содржи ароматски соединенија, сулфур и олово и нема потреба од негово рафинирање и адитивирање. “ – изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол АД Скопје.

Двата силни фактори што ја наложуваат широката и перспективна примена на метанот се економичноста и заштитата на животната средина. Всушност просечен автомобил со погон на метан што би трошел 5 до 6 кг метан со сегашна вредност од 170 денари, а за автогас или бензин би потрошил 290 односно 620 денари. – истакнаа од Макпетрол.

mp-metan2

„Метанот е важен енергетски извор што го редуцира загадувањето во сообраќајот. Примената на метанот придонесува кон намалувањето на ефектот на стаклена градина и подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух. При работа на моторот на метан се ослободува помала емисја штетни издувни гасови. Емисијата на СО2 е од 25% до 30% помала од онаа кај бензинот и практично нема сулфур и пепел при неговото согорување. Исто така при работа на моторите на метан звукот е значително намален, дури и до 30%, што е уште една причина за негова употреба во јавниот и товарниот транспорт.“ – додаде Тасевски.

Покрај досега комерцијално достапните нафтени производи, со воведувањето на метанот, како погонско гориво, Макпетрол уште еднаш ја покажува својата грижа кон потрошувачите, притоа значително придонесувајки кон заштитата на животната средина, што е секојдневна одговорност и приоритет во нашите развојни планови.

mp-metan4

„Компримираниот природен гас е најеколошко погонско гориво, а возилата што го користат се познати како минимални загадувачи на амбиентниот воздух и остваруваат значително намалена емисија на СО2, СО и NОx. Покрај тоа, метанот не е токсичен и остварува значителен придонес кон намалувањето на ефектот на стаклена градина. Компримираниот природен гас овозможува инзвонредно траење на моторот на возилото, гарантира апсолутна хомогеност на продуктивноста и константност на функционирањето на моторот, а има и пониски трошоци за одржување“. – објасни Љупчо Георгиевски, директор на дирекција за малопродажба.

„Поради овие причини Макпетрол ја воведе Македонија на мапата на земји кои имаат станици за полнење на метан на главните сообраќајни коридори со изградбата на првата компресорска станица на коридорот 10 во Куманово. Таа всушност претставува полнилница за компримиран природен гас бидејќи непосрено е поврзана со постојниот гасоводен систем и така добиениот метан се користи непосредно на самата бензиски станица, а истовремено служи за полнење на мобилни контејнери кои потоа се транспортираат до бензиски станици кои се оддалечени од гасоводот. Таков е и случајот со ова место на полнење, т.е. бензиска станица Партизанска. Оваа бензиска станица е четврто место за полнење покрај онаа на автопатот кај Куманово, на бензиската станица Влае, а таква станица има и во кругот на ЈСП наменски за полнење на градските автобуси. “. – додаде Георгиевски.

Макпетрол АД е носител на воведувањето на природниот гас како енергент во државата уште далечните деведесети години.

Природниот гас се користи како погонско гориво во индустријата, за производство на електрична енерија преку негово согорување и како енергент за резиденцијална потрошувачка. Затоа тој глобално добива третман како горивото на иднината.

mp-metan5

„Вложивме во воведувањето на почетна инфраструктура за метанот како алтернативно гориво за возилата имајќи ги предвид неговите предности што веќе беа наведени. Притоа бевме потполно свесни и за тешкотиите со кои ќе се судриме како достапноста до цевководот на природниот гас и додатните вложувања за да се достави до локации на кои им е потребен на нашите потрошувачи. Затоа овој период како компанија инвестиравме сопствени средства кои бавно се враќаат, но на Македонија и овозможуваат стартна основа со која ќе ги исполни и барањата на ЕУ што се веќе усвоени како директива за изградба на инфраструктура за полнење на возила со ова алтернативно гориво.
Со тоа ќе се реализира идејата на ЕУ возилата кои го користат ова гориво слободно да циркулираат по територијата на цела Европа и метанот да стане одржлива алтернатива на конвенционалните автомобилски горива“. – објасни Зоран Доневски, директор на дирекција за големопродажба.

Макпетрол и понатаму стратешки ќе работи на ширење на мрежата за полнење на возилата на метан ( КПГ) во рамките на својата стратегија за ширење на примената на природниот гас како гориво на иднинината. Тоа впрочем го чувствува и како обврска кон своите потрошувачи кои во нас гледаат лидер на иновациите на пазарот на автомобилски горива во Македонија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.