Ferrari подготви уникатен 458 ММ Speciale по барање на клиент – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ferrari подготви уникатен 458 ММ Speciale по барање на клиент

Кога имате навистина многу пари, не е проблем да добиете што и да посакате – па дури и ако тоа е уникатен Ferrari изработен по вашите сопствени желби!

Уникатната верзија на 458 Speciale ја користи истата платформа како и „обичниот“ автомобил, но доаѓа со уникатно-дизајнирана каросерија изработена од алуминиум и карбонски преден и заден браник. Дополнително, A-столбовите се обоени во сјајна црна боја, за да се добие ефект на лебдечки кров, а редизајнирани се и ц-столбовите со цел да се добие „затегната“ кабина. Автомобилот е офарбан во Bianco Italia бела боја, и оддава почит кон италијанското знаме.

ferrari-458-mm-speciale-front

Познавачите ќе препознаат и редизајнирани предни и задни светлосни групи, како и нови тркала дизајнирани ексклузивно за 458 MM Speciale. Во кабината купувачот нарачал Cioccolato кожа со бели опшивки и бели детали во кабината.

ferrari-458-mm-speciale-side

Нема објавено податоци околу евентуалните измени во погонската единица, но знаеме дека 458 Speciale е придвижуван од 4.5-литарски врескачки атмосферски V8 кој испорачува 605 коњски сили и 540 Nm вртежен момент. Силата ја пренесува кон задните тркала преку 7-брзински менувач со двојна спојка, и перформансите се импресивни – „стотка“ пристигнува за само 3 секунди, а максималната брзина е 325 километри на час.

ferrari-458-mm-speciale-rear

Не знаеме кој е купувачот, но не е ни важно – само знаеме дека сме мааааалку љубоморни на неговиот нов автомобил!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.