Volkswagen ќе инвестира милијарди во нова фабрика за батерии – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen ќе инвестира милијарди во нова фабрика за батерии

Германскиот концерн кој сè уште се справува со последиците од Dieselgate скандалот ќе инвестира милијарди во нова фабрика за батерии за електрични автомобили, со што ќе може да функционира независно од големите светски производители.

Извори внатре во Volkswagen изјавија за Handelsblatt дека целта на фабриката не е толку едноставна како „дистанцирање од Dieselgate“, туку Volkswagen групацијата прави сериозни чекори кон зголемување на својата електрична понуда, а независна фабрика за батерии има значајна улога во тој план. Сопствената фабрика ќе му овозможи на Volkswagen да функционира независно од големите азиски производители на батерии (тука се мисли примарно на Samsung, LG и Panasonic) и ќе може да има зголемена контрола врз процесот на производство.

vw-batteries3

„Сакаме да лансираме голема иницијатива, која ќе нè стави на врвот на индустријата“ – изјави анонимен претставник на Volkswagen кој добро ги познава плановите на брендот.

vw-batteries2

Според познавачите, луѓето кои во моментов се на чело на групацијата се подготвени да го прифатат планот и ако сè биде според планираното, фабриката ќе произведува батерии за не помалку од 20 различни модели кои Volkswagen ќе ги лансира до крајот на оваа декада (а тоа значи во следните 4 години)! Сега за сега сè уште не е потврдено каде би се произведувале батериите – но се шпекулира дека Volkswagen можеби ќе ја преадаптира фабриката во Салцгитер, Германија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.