full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Toyo пневматиците го изненадуваат светот

Јапонската компанија за пневматици ослободи пар чудовишни дрифт автомобили околу својата фабрика, а нивните движења ги поистовети со разни аспекти и сцени од животот на човекот.

Во главните улоги на оваа реклама се наоѓаат Масато Кавабато со неговиот Nissan GT-R со 1000 коњски сили и заден погон, како и Хидејуки Фуџино позади воланот на специјална Toyota GT86 со слични спецификации. Со ова видео Toyo Tires сака да се прикаже како бренд кој ги подобрува перформансите на автомобилите додека е исто така дел од секојдневниот живот на луѓето.

Погледнете ја рекламата и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.