Volkswagen конечно ги откри сите детали околу освежениот Amarok – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen конечно ги откри сите детали околу освежениот Amarok

Volkswagen неодамна ги прикажа првите фотографии од екстериерот на освежениот Amarok, но сега имаме фотографии и од обновениот ентериер кој ветува поквалитетна кабина и зголемени нивоа на комфор.

Во кабината на освежениот Amarok купувачите ќе добијат поквалитетни материјали и нови инфозабавни системи – меѓу кои ќе добијат и нов мултимедијален уред со напредни гласовни контроли, и целосни опции за поврзување со различни паметни уреди.

За прв пат во Amarok ќе се нудат и ErgoComfort седиштата кои досега се нудеа во Passat, кои нудат многу можности за прилагодување и нудат одличен комфор и лумбарна поддршка.

Под поклопецот на моторот купувачите сега ќе можат да го добијат 3-литарскиот V6 TDI кој ќе се нуди во три различни варијанти – со 163, 204 или 224 коњски сили. Последната верзија нуди одлични 550 Nm вртежен момент и може да постигне 100 километри на час за 7.9 секунди, а максималната б рзина е 193 километри на час. Моторите ќе можат да се комбинираат со мануелен или автоматски менувач.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.