full screen background image
Search

Регулаторна: Ново поскапување на горивата!

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите цени на горивата – од вечерва ќе купуваме поскапи бензини и дизел горива!

Согласно методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 5.26 проценти.

Цените на бензините се зголемуваат за 0.5 односно 1.00 денари, и еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 62.50 денари, а еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 64.50 денари.

Покрај цената на бензините, се зголемува и цената на дизелот, и тоа за 3.00  денари. Согласно зголемувањето, еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 47 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.