Volkswagen подготвува Golf GTI Clubsport S со 305 кс! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen подготвува Golf GTI Clubsport S со 305 кс!

Германскиот бренд објави дека подготвува тркачки-фокусирана изведба наречена Golf GTI Clubsport S со преден погон и 305 кс, која ќе го нападне Нирбургринг.

Моделот ќе биде погонуван од истиот 2.0-литарски TFSI агрегат како Golf R, но за разлика од него, целата сила ќе ја испорачува кон асфалтот само преку предните тркала. Може да се очекува дека ќе пружа најчисто спортско возачко искуство од сите изведби на Golf до сега и ќе цели кон поставување на нов рекорд за автомобил со преден погон на патеката Нирбургринг.

Се верува дека оваа изведба ќе добие драстични мерки за намалување на тежината инспирирани од моторспортот, како отстранувањето на задните седишта и целиот материјал за звучна изолација. Бидејќи стандардниот Clubsport се одликува со тежина од 1,375 kg, не е чудно да очекуваме бројка под границата од 1,300 kg.

Претходен извештај содржеше информации дека инженерите на Volkswagen биле инспирирани од Porsche 911 GT3 кога го развивале овој проект. Сето ова не доведува да кажеме дека VW ќе создаде своја визија од многу-фалениот Renault Megane RS Trophy.

Производството ќе биде ограничено на околу 5,000 примероци, додека цената се очекува да биде повисока од онаа на Golf R, моментално најсилниот модел од гамата. Најсилната верзија од Golf GTI ќе дебитира на овогодишното издание на собирот Wörthersee на 4ти Мај, кој ќе го одбележи 40тиот роденден на Volkswagen-овиот иконски спортски компакт.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.