full screen background image
Search

BMW претстави нов турбодизел со четири турбо-полначи!

Германскиот премиум бренд претстави нов мотор со четири турбополначи кој ќе биде на самиот врв од палетата на дизел мотори.

Новиот агрегат има зафатнина од 3.0 литри  и користи два турбополначи со низок притисок и два турбополначи со висок притисок, резултирајќи со поголема сила и подобрување од 5% во споредба со претходниот мотор со три турбополначи кој ќе го замени.

Може да се пофали со сила од 394 коњски сили во опсег од 4000 до 4400 вртежи во минута и вртежен момент од 760 Nm достапен помеѓу 2000 и 3000 вртежи во минута. Сепак,м максималниот вртежен момент е ограничен од можностите на осум-степениот автоматски менувач.

BMW-D2

Својата премиера ќе ја има во новиот 750d xDrive, a агрегатот ќе му овозможи на знаменосниот седан да забрза од 0-100 км/ч за околу 4.5 секунди, сè до електронски ограничената максимална брзина од 250 км/ч.

Целосните детали и информации треба наскоро да бидат објавени, но се очекува производителот да ја додаде оваа погонска единица и во некои возила од M Performance гамата, како M50d верзите од X5 и X6, како и следната генерација на Серија 5.

Извор на фотографии Bimmerpost



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.