full screen background image
Search

Volkswagen претстави нов 1.5-литарски TSI evo агрегат

Volkswagen групацијата претстави нов 1.5-литарски турбо-бензински агрегат со четири цилиндри, кој ќе биде првиот од фамилијата на нови EA211 TSI evo погонски единици.

Новиот мотор е помоќен и поекономичен од неговиот претходник, а ќе биде лансиран оваа година во две верзии со 128 и 147 кс. Volkswagen нема објавено детални спецификации но потврди дека новиот evo агрегат работи на милеровиот круг на согорување и има висока компресија од 12.5:1. Агрегатот исто така располага со нов турбополнач со варијабилна геометрија на турбината која значително го подобрува одзивот на моторот. Новиот 1.5-литарски TSI evo агрегат ќе го испорачува неговиот максимален вртежен момент од екстремно ниски 1,300 вртежи во минута.

Германскиот бренд не се фокусирал единствено на перформансите бидејќи компанијата ветува дека новиот моторт ќе биде до 10 проценти поекономичен од претходниот 1.4-литарски TSI агрегат кој произведува 123 кс. Благодарение на технологијата за деактивација на цилиндрите и многу други подобрувања, Volkswagen вели дека корисниците може да очекуваат потрошувачка на гориво која ќе биде намалена за до еден литар на сто километри.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.