full screen background image
Search

Nissan го претстави Kicks – новиот глобален мал кросовер

Со Kicks, Nissan ќе се обиде да привлече помлада генерација на купувачи – а сето тоа ќе се должи на дизајнот и привлечноста на новиот глобален субкомптактен кросовер!

Според Nissan, Kicks e „стилски кросовер направен за урбаните жители“. Модерниот Kicks изгледа привлечно благодарение на V-Motion отворот за воздух на предниот дел, големите и исфрлени крила и лебдечкиот кров, а во ентериерот внимание е посветено на „квалитетот и футуристичкиот дизајн.“ Дополнително, Nissan ветува дека ќе нуди највеќе простор на задната клупа во класата.

Детали кои вредат да бидат истакнати се управувачот со рамно дно, големиот 7-инчен мултимедијален уред кој е предвиден да се врзе со паметен телефон, Around View Monitor и уште некои други ситници. На почетокот, Kicks ќе се произведува во Мексико, за потоа да се произведува и во Рио де Жанеиро во Бразил. Планот на Nissan е постепено да започне да го продава Kicks на преку 80 пазари во светот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.