Новиот Polaris RZR XP Turbo EPS со неговата посебна конструкција, долга и издржлива суспензија, и неговите 144 кс е вистински ѕвер, кој ќе ја помине секоја препрека и ќе исчезне во прашината која ќе ја остави зад себе.
Сепак, за потребите на ова видео, моделот е засилен на 200 коњски сили и ги претвори напуштените фабрики, возни шини и топилници во свое игралиште. Позади воланот се најде бестрашниот РЏ Андерсон, професионален теренски тркачки возач кој ги правел овие егзибиции уште кога бил 14-годишно дете. Снимено во Јангстаун, Охајо, видеото го прикажува РЏ како изведува бројни трикови, од кои најголемиот скок достигнува 27 метри преку воз.
Видеото кое ќе го видите е резултат на месеци од планирање и претставува труд на десетина луѓе со страст да го извлечат најдоброто од секоја атракција. Изгледа возбудливо, спектакуларно, но треба да напоменеме дека исто така може и да биде екстремно опасно. Тоа може да го видите во второто видео, кое ги прикажува грешките при снимањето и е според нас дури и поинтересно за гледање бидејќи содржи дополнителна доза на реалност.
Погледнете ги видеата и уживајте!