FCA ќе направи конкурент на Tesla Model 3 ако биде профитабилен – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

FCA ќе направи конкурент на Tesla Model 3 ако биде профитабилен

Според Маркионе, профитабилноста на Tesla Model 3 звучи премногу добро за да биде вистинита, а доколку навистина се покаже дека е така, FCA би можел да направи конкурентен компатен електричен автомобил со додаден Италијански шарм.

Моментално сите очи се вперени во автомобилот Model 3, кој чини 35,000 долари. Посебно кога Американската компанија соопшти дека биле регистрирани речиси 400,000 пред-нарачки за возилото. Зборувајќи со екипата на AutoNews на годишниот состанок на Fiat Chrysler Automobiles во Амстердам, извршниот директор Серџо Маркионе објасни дека е тешко да се замисли профитабилност во корист на Tesla по произведувањето и транспортот на автомобилите:

“Не сум изненаден од високиот број на резервации, но вие треба потоа да ги направите и да ги испорачате нив и исто така да бидат профитабилни.” Со други зборови, Маркионе не гледа начин со кој Model 3 би бил профитабилен по цена од 35,000 долари, но ќе ја ископира формулата доколку Елон Маск му покаже дека греши:

“Доколку Елон Маск може да ми покаже дека авотмобилот ќе биде профитабилен по таа цена, јас ќе ја копирам формулата, ќе додадам Италијански дизајнерски шарм и ќе ја лансирам на пазарот за 12 месеци.” На прашањето дали FCA доцни на “електричната забава”, Маркионе одговорил: “подобро да доцниш, отколку да ти биде жал”.

Со сето ова во предвид, доколку сакате електричен Maserati, Alfa Romeo или Fiat, подобро да се надевате дека Tesla Model 3 ќе биде огромен економски успех.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.