full screen background image
Search

Aston Martin го претстави лимитираниот Vantage GT8

Aston Martin претстави тркачки инспирирана GT8 изведба од моделот Vantage, која нуди помала тежина, многу делови од карбон и одлична аеродинамика.

Верзијата е ограничена на само 150 примероци, а инспирација за нејзиното создавање е тркачкиот автомобил V8 Vantage GTE. Ова е најлесниот и најсилен V8 Vantage кој бил некогаш направен, а се одликува и со аеродинамично обликуван функционален боди кит од карбонски влакна. Бодикитот вклучува преден сплитер, преден и заден браник, пошироки крила, странични прагови и заден дифузер, додека како опција ќе се нудат и голем заден спојлер и странични додатоци на предниот сплитер.

Под површината, Vantage GT8 доаѓа со тркачки-прилагодена шасија за подобра агилност, а е придвижуван од 4.7-литарски V8 со 446 коњски сили, достапен со шест-степен мануелен или седум-степен Sportshift II автоматски менувач. Тркалата се исто така нови и сега се одликуваат со нов дизајн со пет краци, додека како опција ќе бидат понудени и ултра лесни магнезиумски фелни со седум краци. И двете опции доаѓаат обвиени во Michelin Pilot Sport Cup 2 пневматици.

aston-martin-vantage-gt8-official-9

 

Што се однесува до намалувањето на тежината, вреден за споменување е покривот од карбон фибер, поликарбонатното задно ветробранско стакло и задните странични прозорци, и титаниумскиот централно поставен издувен систем. Во кабината, тука се карбонски панели на вратите, додека стандардните спортски седишта доаѓаат само со рачно прилагодување. Во целост, Aston Martin успеале да одземат околу 100 килограми од вкупната тежина на автомобилот.

Секако, со цел да го направи автомобилот што е можно поцивилизиран, Британскиот производител на спортски автомобили го задржал аудио системот, клима уредот и најновиот AMi III инфотаинмент систем.

Поврзано:   Астон Мартин се враќа во Ф1 на чело со Себастијан Фетел!

Секој од 150-те достапни примероци ќе чини над 165,000 фунти, а испораките ќе започнат од последната четвртина на 2016.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.