full screen background image
Search

Peugeot ја претстави следната генерација од I-Cockpit ентериерот

Францускиот бренд ја претстави втората генерација од модерниот i-Cockpit распоред на ентериерот, со значително почист и поедноставен дизајн.

Peugeot го претстави првиот автомобил со i-Cockpit, моделот 208, во 2012. Од тогаш, овој дизајнерски стил беше раширен кон останатите модели од гамата. По четири години, Peugeot реши да го надгради концептот за ентериер за подобрено возачко искуство. Брендот направи неколку истражувања со купувачите за да открие што им се допаѓа од ентериерот и што треба да се промени, а компанијата тврди дека посветиле внимание на сите споменати делови.

Направената промена од Француската компанија со новиот дизајн е импресивна. Наместо традионалните аналогни мерачи со електронски дисплеј, инструмент таблата сега е целосно дигитална, со дијагонала од 12.3 инчи. Инфо-забавниот екрано од 8 инчи е ергономски поставен повисоко и сега има поинаква форма. Понатаму, воланот ја задржува актуелната големина која е помала од онаа кај конкурентите, но формата е исто така редизајнирана, со поинаков модул за воздушното перниче и модифицирани контроли.

peugeot-i-cockpit_3

Централната конзола доби значителни промени, и сега вклучува нови елементи за контролите кои порано беа наместени на посебни копчиња. Елементите имаат метална форма и се добро интегрирани во централната конзола, додека Start/Stop копчето е позиционирано на поприкладна позиција.

Палката од автоматскиот менувач има исто така нов дизајн. Новите метални орнаменти се присутни во повеќе делови од ентериерот и тие изгледаат прекрасно на прес фотографиите. Тука е и нова форма на контролната табла, која е убаво обликувана. Покрај седиштата, може да се приметат сет од држачи на чаши до двојните потпирачи за лакти, и мал простор за складирање до селекторот на брзини, кој е веројатно добар за да го чувате вашиот телефон и сет од клучеви.

Поврзано:   Peugeot го произведе милионитиот 3008!

Peugeot објави фото галерија од нивниот концепт за ентериер, но не напомена кога ќе излезе во сериско производство и кој модел ќе биде првиот кој ќе го добие, но ние се сомневаме дека тоа ќе биде наследникот на 3008, според шпиунските фоторафии кои кружат низ интернетот.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.